Достапни линкови

logo-print

Претседателот на ПССЕ Мињон ќе ја посети Македонија


Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон ќе ја посети Република Македонија од 10 до 12 јуни 2013.
Според соопштението од кабинетот на претседателот на ПССЕ, тој во Скопје треба да се сретне со државниот врв, јави МИА. Жан-Клод Мињон на 11 јуни ќе одржи говор во Собранието на Република Македонија.
Посетата на Мињон доаѓа на десетина дена пред расправата во ПССЕ за извештајот за пост мониторинг дијалогот со Република Македонија.
XS
SM
MD
LG