Достапни линкови

logo-print

Први судири меѓу приврзаниците и противниците на Ердоган


Десет дена по избувнувањето на протестите во Турција, се регистрирани и првите судири меѓу приврзаниците и противниците на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Инцидентот се случил во црноморскиот град Ризе, кога поголема толпа симпатизери на Ердоган се нафрлиле врз помала група учесници на анти-владините демонстрации. Полицијата спречила поголема физичка пресметка. Во меѓувреме во Истанбул, Анкара, Измир и во уште неколку други градови и денеска продолжуваат демонстрациите против Владата, во кои демонстрантите бараат повеќе демократија, слобода на медиумите и запирање со исламизацијата на турското општество. Турскиот премиер денеска се враќа од турнеја на Северна Африка.
XS
SM
MD
LG