Достапни линкови

Нова Демократија би победила на избори во Грција


Една третина од Грците и натаму сметаат дека актуелниот премиер Андонис Самарас е најпогоден за функцијата. На второ место Алексис Ципрас, лидер на Сириза. Дваесет насто од анкетираните сметаат дека доколку сега има избори, партијата на Самарас, Нова Демократија ќе победи, следена од радикалната левица СИРИЗА со 19,5 отсто, се наведува во истражувањето на агенцијата Пулс, објавено во весникот „Пондики“.
Во април истата агенција имаше дадено еднакви проценти за двете партии, по 19,5 насто доверба кај избирачите.
На трето место е крајнодесничарската „Златна зора“ со 13 отсто која во април имаше 12 отсто, а социјалистичката ПАСОК има само шест насто.
XS
SM
MD
LG