Достапни линкови

Владата на САД ги добивала телефонските снимки на клиентите на Веризон


Американските претставници одбија дополнително да го коментират извештајот, според кој Националната агенција за безбедност на САД собирала телефонски снимки на милиони клиенти на компанијата.

Британски "Гардијан" објави дека тајно било наредено со одлука на Надзорниот суд, Веризон врз "дневна основа", да и обезбеди на Агенцијата за национална безбедност информации, како што се, броеви и податоците за локација на сите телефонски повици во својот систем, како во рамките на Соединетите Американски Држави така и меѓу Соединетите Држави и други земји.

"Гардијан" објави дека дошол до копија на наредбата, која била дадена на 25 април. Веризон е една од најголемите телекомуникациски компании во САД.
XS
SM
MD
LG