Достапни линкови

Турција -демонстрантите бараат оставка на владата


Турските демонстрантите бараат владата да ги разреши гувернерите и шефовите на полициите во Истанбул,Анкара и другите градови каде полицијата е беше инволвирана во насилно задушување на демонстрациите.Активисти на групата Солидарност за Таксим изјавија дека испратиле барања за ова до заменик премиерот Булент Аринч на средбата во Анкара.Активистите исто така бараат повторно обновување на паркот во Истамбул, кај Таксим.Насилната полициска реакција на мирните протести поради уништувањето на паркот , подоцна беше вовед во протести низ Турција во кои две лица загинаа. Групата исто така бара ослободување на затворените демонстранти. Илјадници членови на групата се собраа и вчера во Истамбул барајки оставка на владата.
XS
SM
MD
LG