Достапни линкови

Американскиот војник ја призна вината за масакрот во Авганистан


Американскиот воен суд го прифати исказот на војникот Роберт Бејллс дека е виновен за убиствата на 16 авганистански цивили минатата година.
Договорт бил ако ја признае вината војникот да не биде осуден на смртна казна. Судот сега треба да одлучи дали американскиот војник ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор без можност од условно пуштање.
Триесет и девет годишниот војник кој беше ветеран во мисиите во Ирак и во Авганистан вчера призна дека е одговорен за убиствата. Тој пред Судот во Вашингтон изјави дека не постои добра причина на светот за начинот на кој што се извршени убиствата.
XS
SM
MD
LG