Достапни линкови

Рајс - нов советник за национална безбедност


Американскиот претседател Барак Обама ја наименува амбасадорката во Обединетите Нации Сузан Рајс за советник за државна безбедност. Обама кој ова го објави на прес конференција во Вашингтон рече дека Сузан е патриот за кој државата е во прв план. Рајс која е близок соработник на Обама, ќе дојде на местото на Том Донилон кој си заминува од функцијата на 1 јули.
Назначувањето на Рајс се очекува да предизвика спротивставување на републиканците.Тие изразуваат критики за Рајс, главно поради нејзиното несоодветно информирање во врска со минатогодишниот напад на американската мисија во Бенгази. Експертот за човекува права Саманта Пауер ќе дојде на местото на Рајс во ОН.
XS
SM
MD
LG