Достапни линкови

logo-print

Заврши НАТО состанокот за мисијата во Авганистан по 2014


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО го завршија дводневниот состанок во Брисел на кој диксутираа за мисијата во Авганистан, по повлекувањето од таа земја, предвидено за наредната година. Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека министрите одобриле детален концепт за мисијата на Алијансата во 2015, која ќе се фокусира на обука и асистенција на авганистанските владини сили. Разговорите во средата почнаа со средба на министрите на НАТО и нивните колеги од Грузија. Грузија има околу 1,560 војници во мисијата на Авганистан која брои 100 000 војници.Нато вети дека Грузија еден ден ќе и се придружи на Алијансата кога ќе ги исполни условите за членство. Расмусен изјави дека од владата на таа земја, Алијансата очекува почитување на законите и човековите права и одржување слободни и фер претседателски избори оваа година.
XS
SM
MD
LG