Достапни линкови

Четири понуди на тендерот за 100 нови возила на МВР


Отворање на понудите пристигнати по јавен тендер за набавка на сто полициски возила.

Отворање на понудите пристигнати по јавен тендер за набавка на сто полициски возила.

На тендерот за набавка на 100 полициски возила пристигнале четири понуди - за „Цитроен Ц1Х“, „Пежо 107 акцес“, „Шкода сити гоу“ и за „Шевролет спарк“.

Министерството за внатрешни работи ќе одбира 100 нови возила за градско возење. На тендерот за набавка, што комисијата за јавната набавка ги отвори, на последниот ден на рокот пристигнале четири понуди. Компанијата „Автонова“ понудила возило „Цитроен Ц1Х“, „Еуроимпекс“ со „Пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ со „Шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ со возило „Шевролет спарк“. Понудите се движат од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари. Основен услов за добивање на тендерот ќе биде најниската понудена цена на електронската аукција, изјави портпаролот на МВР Иво Котески.
Не би шпекулирал затоа што ова не се финалните понуди, ова се само првични понуди, а потоа фирмите, доколку ги исполнуваат сите неопходни услови, ќе бидат поканети на јавната аукција каде што меѓусебе ќе се наддаваат, односно очекуваме дека истите ќе ги спуштат цените, така што на крај ќе победи онаа што ќе понуди најниска цена, се разбира доколку сите фирми ги исполнуваат претходно предвидените услови.

„Не би шпекулирал затоа што ова не се финалните понуди, ова се само првични понуди, а потоа фирмите, доколку ги исполнуваат сите неопходни услови, ќе бидат поканети на јавната аукција каде што меѓусебе ќе се наддаваат, односно очекуваме дека истите ќе ги спуштат цените, така што на крај ќе победи онаа што ќе понуди најниска цена, се разбира доколку сите фирми ги исполнуваат претходно предвидените услови“, вели Котевски.

Во првично понудените цени, освен цената на возилото, се вкалкулирани останатите елементи кои Министерството ги предвидело со тендерот, како четири резервни гуми, полициска изведба со звучна и светлосна сигнализација, гарантен период, односно сервис во рок од три години додека трае договорот и додека целосно не бидат исплатени возилата. Во наредните денови комисијата ќе изврши евалуација на понудите, односно анализа дали тие ги содржат предвидените тендерски услови по што понудувачите ќе бидат известени за терминот во кој што ќе се одржи јавното електронско наддавање.

Минатата година МВР набави 150 возила „Шкода јети“. Новите возила беа набавени преку „Порше Македонија“, а на паркингот на МВР пристигнаа пред почетокот на 2013 година. Според понудата на „Порше Македонија“, едно полициско „јети“ чинеше околу 21.000 евра, а целиот тендер околу 3.150.000 евра. Околу проблемот што настана на минатиот тендер за набавка на возила, кој беше прекинуван, Котевски одговори дека недоразбирањата се надминати.

„Возилата се веќе испорачани на МВР, можете веќе да ги видите на улица дека веќе се во употреба и МВР редовно ги исплаќа ратите и обврските коишто ги има по однос на јавната набавка.“

Во врска со хакерите што од странство ја нападнаа електронската аукција за набавка на полициски возила, која подоцна беше прогласен за неважечка, Котевски рече дека сè уште се работи на расчистување на случајот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG