Достапни линкови

Ататурк на беџовите на демонстрантите во Анкара


Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција

Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција

Илјадници демонстранти и денеска ги продолжија протестите во Анкара и Истамбул против владата на Реџеп Таип Ердоган во Турција. На плоштадот Таксим во Истанбул дојдода и студенти и граѓани на повик на турските синдикати. Демонстрантите бараа оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган и извикуваа пароли „Таксим, држи се, работниците доаѓаат“ и „Таип поднеси оставка“. Група демонстранти побараа Владата да се откаже од плановите за градење во паркот Гези во Истанбул и да ги разреши од должност шефовите во полицијата одговорни за насилствата за време на неколкудневните протести.
Во Анкара демонстрантите носеа беџови со ликот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
XS
SM
MD
LG