Достапни линкови

logo-print

Брахими - Конференцијата за Сирија најрано во јули


Пратеникот на ОН за Сирија Лакхдар Брахими изјави дека мировната конференција за Сирија не може да биде одржана порано од Јули.
Според Брахими, двете страни, режимот на претседателот Башар ал Асад и опозицијата не се спремни да седнат на преговарачка маса. Брахими изјави дека дополнителен подготвителен состанок на преставници на САД и Русија ќе биде одржан на 25 јуни.
Едно од најкомплицираните прашања е листата на учесници, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов.
Според него, опозицијата не се договорила за учество на конференцијата.
XS
SM
MD
LG