Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: За шверцот преку Косово одговораат меѓународните сили


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска во Москва дека за шверцот на наркотици преку територијата на Косово одговорни се меѓународните сили.
Дачиќ, кој учествува на меѓународна конференција за борба против незаконската трговија со наркотици, рекол дека Владата на Србија не може многу да направи во борбата против шверцот на авганстанскиот хероин преку Косово, затоа што според Резолуцијата 1244 на СБ на ОН српската полиција нема надлежност на територијата на Косово.
На службите во Русија, Велика Британија, Германија и САД им е познато дека албанската мафија зазема важно место во европската наркомафија, рече Дачиќ.
XS
SM
MD
LG