Достапни линкови

Министерски состанок на НАТО за мисијата во Авганистан


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на вториот ден од состанокот во Брисел, расправаат за мисијата во Авганистан, по повлекувањето од таа земја, предвидено за наредната година. Сепак, не се очекува конечна одлука за тоа колку војници и обучувачи би останале во Авганистан и по формалното повлекување. НАТО министрите денеска одржаа состанок со нивниот колега од Грузија. Генералниот секретар на Алијансата Андерс Форг Расмусен изјави дека се очекува од грузијската влада да ги почитува владеењето на правото и човековите права, како и да организира фер и демократски претседателски избори годинава.
XS
SM
MD
LG