Достапни линкови

Наваз Шариф и официјално нов премиер на Пакистан


Наваз Шариф од денеска го започнува третиот мандат како премиер на Пакистан, откако беше изгласан во Парламентот. Обраќајки се пред пратениците, Шариф изјави дека е време да се покаже дека демократијата е клучна за Пакистан и оти тоа е единствениот пат за напредок. Новата влада на Пакистан ќе се соочи со серија предизвици, меѓу кои фрекфентни терористички напади, хроничен недостиг на струја и стагнирачка економија. Шариф се враќа на премиерската функција во Пакистан по 13 години откако беше разрешен со воениот удар во таа земја.
XS
SM
MD
LG