Достапни линкови

logo-print

Каде исчезнаа 90 илјади невработени за две години?


Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Власта вчера објави дека во земјава има помалку од 225 илјади невработени. Пред точно две години, пак, според податоците на Агенцијата за вработување, имало 315 илјади невработени.

Вештачко бришење од списокот на невработени или список кој конечно ја покажува вистинската слика за невработеноста. Власта вчера објави дека во земјава има помалку од 225 илјади невработени. Од нив, пак, помалку од 100 илјади луѓе активно бараат работа. Пред точно две години, пак, во мај 2011 година, според податоците на Агенцијата за вработување, имало 315 илјади невработени.
Агенцијата за вработување може да ги заострува законските одредби до точка до која дури и нула невработени ќе има на нивната евиденција, но тоа не значи дека тие луѓе ќе бидат вработени.

Каде исчезнаа 90 илјади невработени од списокот на Агенцијата за вработување, ако се има предвид дека, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени во изминативе две години е речиси непроменет. Според нив, речиси е непроменет и бројот на невработени.

Последните податоци на статистика се за четвртото тримесечје од 2012 година кога вработени биле 658 илјади луѓе, а невработени 290 илјади луѓе. Две години претходно, во последниот квартал од 2010 година, работеле 659 илјади луѓе, а работа барале 295 илјади.
Реална е бројката од околу 100-тина илјади луѓе кои се невработени и активно бараат работа, иако и тие луѓе на некој начин мора да се снаоѓаат и многу е јасно дека подобро ќе се фокусираме да средиме и да помогнеме за 100 илјади лица, отколку за ете, невидливи или претворени во дух, 300 илјади лица. Навистина веќе треба да се справиме со реалните резултати и да правиме реални стратегии.

Иако, Агенцијата за вработување и Заводот за статистика користат различни методологии за да може да се споредува бројот на невработени, индикативно е што според статистиката, бројот на вработени не се зголемува. Дополнително, треба да се има предвид дека во овие 660 илјади вработени спаѓаат и вработените на црно. Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, бројот на осигуреници во земјава на крајот на 2012 година бил скоро 497 илјади. Една година претходно, пак, 490 илјади луѓе плаќале пензиско осигурување. Тоа значи дека околу 170, од овие 660 илјади вработени, работат повремено, привремено, хонорарно или на црно, односно не се официјално пријавени како вработени.

Универзитетскиот професор Здравко Савески, кој е активист на Левичарското движење Солидарност, вели дека да имаше толкаво драстично намалување на невработеноста, во земјава ќе имаше економски бум. Со усложнување на процедурата за пријавување, невработените вештачки се бришат и сè поголем станува бројот на неевидентираните невработени лица, вели тој.

„Агенцијата за вработување може да ги заострува законските одредби до точка до која дури и нула невработени ќе има на нивната евиденција, но тоа не значи дека тие луѓе ќе бидат вработени“, вели Савески.

Од друга страна, Миле Бошков од Бизнис Конфедерацијата на Македонија вели дека конечно се добива реална бројка на невработените во Македонија. Многу луѓе работат на црно, добиваат субвенции или се иселиле во странство и на фирмите им е многу тешко да најдат квалификувани работници, вели тој.

„Реална е бројката од околу 100-тина илјади луѓе кои се невработени и активно бараат работа, иако и тие луѓе на некој начин мора да се снаоѓаат и многу е јасно дека подобро ќе се фокусираме да средиме и да помогнеме за 100 илјади лица, отколку за ете, невидливи или претворени во дух, 300 илјади лица. Навистина веќе треба да се справиме со реалните резултати и да правиме реални стратегии“, вели Бошков.

Савески, пак, вели дека кога фирмите би понудиле нормална плата, не би им било тешко да најдат работници.

Во прилог тезата на Бошков оди и податокот дека од 1998 до 2011, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од Македонија. Се претпоставува дека бројот на луѓе кои се во странство работат на црно е уште поголем.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, пак, во интервју за Радио Слободна Европа минатиот месец, одговарајќи на обвинувањата за вештачко бришење од евиденцијата, рече дека само 8 проценти од 100-тина илјади избришани се пожалиле на тоа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG