Достапни линкови

logo-print

Договор за добрососедство со Бугарија, пат на Македонија до ЕУ


Патот на Македонија кон Европската унија минува низ потпишување договор за добрососедство со Бугарија“, изјави шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин во интервју за Бугарската национална телевизија. „Од секоја земја кандидат пред почетокот на пристапните преговори се бара да ги реши проблемите со соседите, а така беше и со Бугарија. Во случајот со Македонија проблемите се малку посложени од тие што ги имавме ние, вклучително и некои територијални, но да не навлегувам во детали“, рече Вигенин, додавајќи дека продолжуваат преговорите за договорот и оти Софија е подготвена да се забрза процесот. „Има некои прашања за кои македонската страна е воздржана, но не е нешто што не може да се надмине“ изјави тој. 
XS
SM
MD
LG