Достапни линкови

Во Турција напнато, но мирно


плоштадот Таксим во Истанбул, 05.06.2013.

плоштадот Таксим во Истанбул, 05.06.2013.

Напнатоста и натаму е голема во Турција на шестиот ден од демонстрациите против премиерот Реџеп Таип Ердоган. И покрај извинувањето на владата поради насилството на полицијата врз демонстрантите во претходните денови, синоќа неколку илјади луѓе повторно се собраа на плоштадот Таксим во Истанбул и во Анкара и бараа заминување на происламскиот премиер. Полицијата повторно употреби водени топови, но нема извештаи за повредени. За денеска е најавено турскиот заменик премиер Булент Аринч да се сретне со група антивладини демонстранти. Во тек е и дводневен штрајк на јавниот сектор. Судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и во градот Хатај каде што едно момче им подлегна на повредите здобиени во вчерашните протести. 
XS
SM
MD
LG