Достапни линкови

САД ги осудија казните за невладини активисти во Египет


Државниот секретар на САД Џон Кери

Државниот секретар на САД Џон Кери

Соединетите држави ги осудија затворските казни во Египет за 43 активисти на невладини организации, вклучувајќи и 16 американци. Државниот секретар Џон Кери во соопштението оценува дека станува збор за политички мотивирани случаи кои се неспоиви со транзицијата кон демократија во Египет. Казна затвор од пет години во нивно отсуство добија 27 обвинети, меѓу кои и 15 американски државјани. Американецот кој се појави на суд е осуден на две години затвор, но тој наводно веќе заминал од Египет. Тие беа обвинети за поттикнување нереди во Египет  во 2011 година. 
XS
SM
MD
LG