Достапни линкови

Талат Џафери на состанок на НАТО за Авганистан


Министрите за одбрана на членките на НАТО денеска во Брисел треба да разговараат за тоа колку војници ќе останат во Авганистан по повлекувањето на НАТО-силите во 2014 година. Сепак, според информациите, на денешниот состанок не се очекува конечна одлука. Командантот на меѓународните сили во Авганистан, американскиот генерал Џозеф Данфорд, изјави дека очекува министрите за одбрана на НАТО да дефинираат каков тип на мисија сакаат да се продолжи во Авганистан по 2014 година. Тој рече дека НАТО веројатно ќе почека до оваа есен, кога ќе заврши „сезоната на борби“, да донесе конечна одлука за бројот на војници и обучувачи што треба да останат во Авганистан. Авганистанските сили треба да преземат целосна одговорност за безбедноста во земјата по 2014 година.

На состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите кои не се членки на НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан, меѓу кои и министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери.
XS
SM
MD
LG