Достапни линкови

Русија, САД и ОН ќе разговараат за Сирија


Сирија.

Сирија.

Пратениците на САД и на Русија треба да се сретнат и да разговараат за подготовките за планираната меѓународна мировна конференција за окончување на сирискиот конфликт. До разговорите доаѓа само еден ден откако истражителите на ОН соопштија дека веруваат оти двете страни во конфликтот употребувале хемиско оружје. Се очекува, на состанокот на руските и американски дипломати во Женева да учествува и пратеникот на ОН за Сирија, Лахдар Брахими.

За разлика од инспекторите на ОН, кои заклучиле дека двете страни во конфликтот употребиле хемиско оружје, Франција соопшти дека нивната истрага покажала оти владините сили на претседателот Башар ал-Асад употребиле нервен гас сарин. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека Франција ги разгледува сите опции, вклучително и воена акција како одговор на тоа.
XS
SM
MD
LG