Достапни линкови

Шести ден протести во Турција


Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Турција влегуваат во шестиот ден. Полицијата и вчера користеше водени топови и солзавец да ги растера демонстрантите од Истанбул и од Анкара, кои и во двата града марширале кон канцелариите на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Протестите продолжуваат и покрај владините апели за смирување. Вицепремиерот Булент Аранч вчера се извини за, како што рече, прекумерното насилство од страна на полицијата, во кое беа повредени стотици полицајци и демонстранти. САД го поздравија извинувањето. Демонстрантите го обвинуваат Ердоган дека станал премногу авторитарен. Ова е најзериозен предизвик со кој се соочува Ердоган од доаѓањето на власт во 2002 година.
XS
SM
MD
LG