Достапни линкови

Војник обвинет за масакр во Авганистан ќе се изјасни за виновен


Американскиот војник Роберт Бали кој е обвинет дека заклал 16 авганистански селани минатата година, се очекува денеска да се изјасни за виновен за да избегне смртна казна. Бали се соочува со 16 точки од обвинение за убиство, шест за обид за убиство и седум за напади, за време на масакрот во јужниот дел на Авганистан во март минатата година. Седумнаесет од 22 жртви на масакрот биле жени или деца.
Адвокатот на војникот, минатата недела, изјави дека постигнале договор со воениот суд дека Бали ќе се изјасни за виновен ако обвинителите запрат со барањето за спроведување на смртната казна. Дел од семејствата на жртвите побараат Бали да биде погубен.
XS
SM
MD
LG