Достапни линкови

САД со осуда за Египет по казните за невладините


Од судењето на вработените во странските невладини во Египет.

Од судењето на вработените во странските невладини во Египет.

Соединетите држави го осудија чинот на египетските власти кои обвинија и осудија на затворски казни 43 промотори на демократските вредности. Во таа група се наоѓаат и 16 Американци. Во соопштението на државниот секретар Џон Кери се наведува дека случаите биле „политички мотивирани". Кери вели дека ова што се случува не е во содејство со обидите на Египет за транзиција кон демократија.

Освен Американци, во групата обвинети и осудени има и луѓе од Европа, Египќани и други Арапи. Пет години затвор добија 27 обвинети кои беа судени во отсуство, меѓу кои 15 американски државјани. Еден Американец, кој присуствуваше на судење доби двегодишна затворска казна. Египет во 2011-та спроведе рации во канцелариите на странските невладини организации. Групите беа обвинети дека користат странски фондови за да поттикнат немири во Египет.
XS
SM
MD
LG