Достапни линкови

Напаѓачот од Форд Худ ги бранел Талибанците


Мајорот Нидал Хасан.

Мајорот Нидал Хасан.

Американскиот воен психијатар обвинет за убиство на 13 американски војници во воената база Форд Худ во Тексас изјави дека на судењето ќе тврди дека го извршил нападот за да ги одбрани талибанските борци во Авганистан од американските сили.

Мајорот Нидал Хасан пред воениот суд изјави дека тој пред судот ќе дејствува како свој адвокат, па затоа побара одложување на судењето за да може да ја подготви одбраната. Хасан изјави дека војниците во кои пукал во Форт Худ во 2009 година се подготвувале да одат во Авганистан за напад на Талибанците. Тој се соочува со смртна казна или доживотен затвор без право на помилување, ако биде осуден по 13 точки од обвинението за убиство со предумисла.
XS
SM
MD
LG