Достапни линкови

logo-print

Собранието расправаше за децентрализацијата


На денешната прва надзорна расправа во Собранието за имплементацијата на процесот на децентрализација, се поставија прашања за почитувањето на правичната застапеност за вработување во општините, носење на одлуки со Бадинтеровиот принцип, распределбата на блок дотациите во образовните институции, рамномерноста на регионалниот развој.

Собраниската комисија за локална самоуправа започна надзорна расправа околу имплементацијата на процесот на децентрализација која има намера да ја продолжи во наредните неколку месеци. За почеток, министерот за локална самоуправа Тахир Хани успеа да одговори само на неколку прашања кои ги упатија членови од партиите од власта и од опозицијата.
Пред скоро време бевме сведоци во јавноста дека вработените во општина Кичево беа засегнати со одредени процеси, имаше отпуштање и тоа стриктно на етнички Македонци.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокаровски постави прашање дали во единиците на локална самоуправа каде што градоначалниците се Албанци се почитува правичната застапеност и процедурите што ги засегаат сите заедници. Тој вели дека постојат повеќе информации од петтата изборна единица за непочитување на Бадентеровиот принцип при донесувањето на одлуките или нефункционирање на локалните комисии за односи меѓу заедниците.

„Пред скоро време бевме сведоци во јавноста дека вработените во општина Кичево беа засегнати со одредени процеси, имаше отпуштање и тоа стриктно на етнички Македонци.“
Бидејќи има создадено општини кои немаат капацитет да постојат, општини како што се Липково, Сарај, Студеничани и многу други општини на коишто на непосреден начин им се одзема можноста да се развиваат на рамномерен начин како и другите општини.

Сите овие прашања се во надлежност на државниот инспекторат за локална самоуправа, рече министерот Хани, но таа се уште не излегла на терен за да го испита случајот.

„Ве уверувам дека за кратко време Комисијата и пратениците ќе добијат ваков извештај.“

Пратеникот Орхан Ибраими од опозициската ДПА го отвори прашањето околу законот за територијалната поделба од аспект на како што рече дискриминација на општините кои се раководат од опозицијата.

„Бидејќи има создадено општини кои немаат капацитет да постојат, општини како што се Липково, Сарај, Студеничани и многу други општини на коишто на непосреден начин им се одзема можноста да се развиваат на рамномерен начин како и другите општини.“

Законот е донесен со компромис и со двотретинско мнозинство, одговори Хани. Со добра координација меѓу заедниците во различните општини може да се постигне баланс, и потсети дека за него гласале и граѓаните од овие области.

На министерот за локална самоуправа му беа поставени и прашања за распределбата на средствата наменети за рамномерен регионален развој, но и за рамномерната распределба на дотациите особено во делот на образованието кое се соочува со редица проблеми на што министерот вети дека ќе даде писмен одговор поради потребата да се разгледаат детално бројките.
XS
SM
MD
LG