Достапни линкови

logo-print

Гласот на писателот е неговото дело


Гласот на писателот е неговото дело е заклучокот што произлезе од главно форумската расправа одржана на Годишното собрание на Друштвото на писателите на Македонија на кое овојпат се дебатираше на тема „Гласот на делото, глас на писателот“.

Често слушаме дека интелектуалците и уметниците, а меѓу нив и писателите, молчат. Дали е тоа точно и ако е така, зошто писателите молчат? Вака ќе ја започне својата воведна реч на тема „Гласот на делото, глас на писателот“ Веле Смилевски, претседателот на Собранието на ДПМ, за да веднаш потем потсети на фактот дека годишно во земјава се објавуваат десетици и десетици нови книжевни објави, дека десетици дела се преобјавуваат, и дека во тој корпус, во секоја книга, на секоја страница, од секој збор се слуша гласот на писателот.
Како критичар, но и како творец, знам дека гласот на делото и во современата, но и во најновата продукција, во сите жанрови не замолкна, не секна, туку грмна гласно насекаде. Гласот на писателот, меѓу две собранија, е глас на непремолк, глас на јазикот, традицијата, културата, идентитетот, оти го засега денешното сега и овде, но и таму и тогаш и оти сака и светот постојано да не знае.

„Тој глас е посилен од кој било апел и екскламација. Тој глас и кога е најтивок носи во себе моќ со далекусежно дејство.“
Христо Петрески, писател.

Христо Петрески, писател.


Смилевски ќе се заложи и за тоа молкот да се престори во грижа за книгата, писателите да се произнесат за наметнатиот проблем околу признавањето на Република Македонија под уставното име и да зборуваат дека македонскиот јазик не може да зависи од никакви графи, па биле тие и од Европската унија и побара јасно утврдена национална стратегија со активна улога во натамошното развивање на културата и творештвото.

Со слично видување е и Кристина Николовска, која откако ќе забележи дека во миговите кога писателите отворено се прашуваат и самокритично се преиспитуваат дали гласот на делото го оправда гласот на авторот, дали авторот ја заслужи довербата и заветот на делото, ќе констатира дека гласот на писателот е всушност глас на непремолк.
Кај нас, во Република Македонија, гласот на писателот, гласот на интелектуалецот е избркан. Тој се наоѓа во шепотот. Сè уште пишуваме меѓу редови, сè уште сме полугласни. Ќе ни треба уште време, уште планини да изодиме, уште кривудави патчиња да подисправиме за оваа тема дури да не биде ни тема. Јас посакувам да не се поставува никаде на дневен ред. А не да дебатираме за гласноста, за гласот на уметникот, на писателот, бидејќи чим го поставуваме какао прашање ние дефинитивно имаме проблем.

„Како критичар, но и како творец, знам дека гласот на делото и во современата, но и во најновата продукција, во сите жанрови не замолкна, не секна, туку грмна гласно насекаде. Гласот на писателот, меѓу две собранија, е глас на непремолк, глас на јазикот, традицијата, културата, идентитетот, оти го засега денешното сега и овде, но и таму и тогаш и оти сака и светот постојано да не знае.“

Трајче Кацаров смета дека гласот на авторот, односно гласовитоста на делото, е референца на креативната моќ или талентот, младата Елена Пренџова ќе се заложи за „распевање на гласот“, а Ефтим Клетников, пак, а ќе рече дека „од Орфеј наваму гласот на делото и гласот на поетот се во апсолутно единство кое постојано се одвојува и одново спојува“.

Наспроти ваквите согледби, со идеја за поотворена дискусија, Христо Петрески ќе потенцира дека со самото тоа што темата е предмет на дискусија во ДПМ значи дека проблемот постои. Тој вели дека колку и да се говори за гласноста, колку и да се покажува дека се гласни, сепак писателите се или безгласни или полугласни.

„Кај нас, во Република Македонија, гласот на писателот, гласот на интелектуалецот е избркан. Тој се наоѓа во шепотот. Сè уште пишуваме меѓу редови, сè уште сме полугласни. Ќе ни треба уште време, уште планини да изодиме, уште кривудави патчиња да подисправиме за оваа тема дури да не биде ни тема. Јас посакувам да не се поставува никаде на дневен ред. А не да дебатираме за гласноста, за гласот на уметникот, на писателот, бидејќи чим го поставуваме какао прашање ние дефинитивно имаме проблем.“

Конечно, и по ваквото укажување, дискусијата се движеше во рамките на предвидливото, па така останува да се чека 14-та Регионална биенална конференција на Македонскиот ПЕН центар, на која писателите ќе расправаат безмалку на идентична тема - „Зборот и слободата“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG