Достапни линкови

logo-print

Расмусен: НАТО треба да дејствува против сајбер заканите


НАТО треба да биде подготвен за помош на земјите членки против сајбер заканите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
НАТО направи прогрес во заштитата на споствената мрежа од сајбер напади, но треба да покаже солидарност и да превземе чекори за помош на оние членки на кои им е потребна против ваквиот вид опасности.
Ова е прв пат на состанок на министрите за одбрана на НАТО, на дневниот ред да биде и интернет сигурноста и доаѓа на неколку дена откако американскиот секретар за одбрана Чак Хајгел предупреди дека сајбер нападите од Кина се причина за сериозна загриженост.
Франција исто така смета дека нападите врз компјутерските системи би можеле да се третираат како акт на војна. Инаку, на дводневниот состанок ќе се расправа и за буџетите за воените ресурси, како и за операциите во Авганистан и во Либија.
XS
SM
MD
LG