Достапни линкови

logo-print

Стотина средношколци од Куманово секоја година се појавуваат на театарската сцена. Тие создаваат многу посетени аматерски претстави.

Млади, талентирани, бунтовници какви што ги создава најубавата животна фаза-младоста, ентузијасти кои на секој начин настојуваат преку театарската сцена да го искажат она што на друг начин не можат доволно, кумановските средношколци создаваат претстави, аматерски, но многу посетени.
Пробав на сцената, но натаму не верувам дека тоа ќе биде мојата животна определба. Актерството е тешка, но убава професија, но и неблагодарна. За сега сакам да бидам судија или адвокат. Првин треба да се слушаш себеси, а не другите, без оглед колку и да ти велат дека си талентирана. Јас сакам глумата да ми биде хоби.

Иако нивниот талент е повеќекратен, или како што се вели, се им оди од рака, тие сцената ја избираат како место на кое најлесно ќе им се обратат на сограѓаните, ќе укажат, ќе порачаат, ќе побараат да бидат разберени,... А потоа, поголемиот дел од нив ќе ја свртат животната, професионалната страница и ќе се определат за професори, судии, адвокати, менаџери.
Ива Томовска, млад актер од Куманово.

Ива Томовска, млад актер од Куманово.


Театарот во Куманово децении наназад запоставен од државата и покрај сите лични или колективни успеси, на овие млади луѓе не може да им ја отвори вратата, ами, ќе остане место на кое од време на време ќе се враќаат со сеќавања дека еден дел од себе оставиле токму на тие штици.

За актерскиот талент препознаен од кумановската публика, но и за она што понатаму и како го восприемаат животот во ова општество, раскажуваат гимназијалците Ива Томовска, Жарко Јовановиќ и Давид Крстевски.
Најбитно е што секој млад човек треба да има луѓе околу себе со кои има иста цел и рабзирање. Преку секој лик се наоѓаме себеси и кога ќе се најдеме излегуваме на сцената, го изнесуваме тоа јавно и гласно.

„Сите ти велат дека си талентирана, а ти најдобро знаеш што сакаш, а што не сакаш. Пробав на сцената, но натаму не верувам дека тоа ќе биде мојата животна определба. Актерството е тешка, но убава професија, но и неблагодарна. За сега сакам да бидам судија или адвокат. Првин треба да се слушаш себеси, а не другите, без оглед колку и да ти велат дека си талентирана. Јас сакам глумата да ми биде хоби.“
Давид Крстевски, млад актер од Куманово.

Давид Крстевски, млад актер од Куманово.


РСЕ: Зошто многу средношколци сакаат да се појават на сцената?

„Луѓето сакаат да се појават пред народот,да се претстават себеси, почнуваат со приредби, презентации, а потоа во театарот. Мислат дека театарот е лесна, всушност многу е тешка работа.“

Жарко и Давид се матуранти. Бројките на одиграните претстави ги надминуваат бројките на нивната возраст. Нивниот талент, ентузијазмот и пожртвуваноста не запреле тука. Иако желбата им е да станат драмски уметници, се уште не се сигурни каде ќе ги исфрли животниот бран. Својата креативност ја искажуваат и со претстава зад чија реализација целосно стојат тие со нивните другари.

„Најбитно е што секој млад човек треба да има луѓе околу себе со кои има иста цел и рабзирање. Преку секој лик се наоѓаме себеси и кога ќе се најдеме излегуваме на сцената, го изнесуваме тоа јавно и гласно. Би сакал мојот живот да се одвива на сцената, театарот го разбирам за лично задоволство и искажување на своите чувства,а не да се биде познат или слично“, вели Жарко, а Давид додава:

„Сакав да го искажам текстот на сцена како револуција, бунт, како општеството влијае врз уметноста.“

Запрашан од каде толкава љубов кон оваа уметност Давид вели:

„ На сцената имаш најголема слобода и она што го кажуваш таму не можеш никаде на друго место. На сцената можеш да критикуваш,да исмејуваш.За тоа треба талент,но и многу работа. “

Ива, Жарко и Давид се само дел од стотина средношколци кои секоја година се појавуваат на театарската сцена. Тие сметаат дека во Куманово има многу млади и талентирани луѓе во повеќе области, кои не можат да се искажат и докажат. Забележуваат дека почувствувале дека во нивниот роден град и држава малку се почитуваат таленти, а уште помалку уметноста. Можеби и затоа нивните погледи лека-полека се насочуваат некаде подалеку од родината.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG