Достапни линкови

125.000 невработени во Македонија, не бараат работа


Од невработените евидентирани лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, во новите регистри се пререгистрирале вкупно 224.157 лица. Од нив 98.726 се пријавиле дека активно бараат работа, а 125.431 лице се во втората категорија кои не бараат активно работа.
Ова го истакнаа доскорашниот и новиот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и Диме Спасов, на заедничката прес-конференција во Владата на Република Македонија на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски
Според Ристовски, ова е процес кој понатаму ќе придонесе да се креираат политики и да се преземаат соодветни мерки.
XS
SM
MD
LG