Достапни линкови

Најскапи и најчудни избори досега


Локалните избори 2013.
Локалните избори 2013.

Партиите ветија сè и сешто, проекти кои не може ни да се проверат дали може да се остварат, никој не говореше за нивниот квалитет, за најважното дека проектите треба да значат промена на квалитетот на животот, но особено на свеста на граѓаните, велат од АГТИС.

Годинашните локални избори беа најчудните, најскапите избори од постоењето на македонскиот плурализам. Додека владеjачките партии не штедеа воопшто средства за саморекламирање, опозицијата многу малку се снајде, истакнуваат од невладината организација АГТИС, која преку свој проект го следеше квалитетот на програмите во изборната трка и ситуацијата по изборите.
Јасно се покажа пред граѓаните дека политиката е семоќна во Македонија, дека не остава место за што било друго, ниту за гласот на економијата, на стопанствениците, ниту за гласот на невладините организации, буквално таа брише сè во Македонија и видовме посебно во овие избори дека не постои никаква долна граница во она што се прави.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

„Јасно се покажа пред граѓаните дека политиката е семоќна во Македонија, дека не остава место за што било друго, ниту за гласот на економијата, на стопанствениците, ниту за гласот на невладините организации, буквално таа брише сè во Македонија и видовме посебно во овие избори дека не постои никаква долна граница во она што се прави“, оценува Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

Понудите на политичките партии, сметаат од АГТИС, беа мамка за граѓаните, а не ветување. Партиите ветија сè и сешто, проекти кои не може ни да се проверат дали може да се остварат, никој не говореше за нивниот квалитет, за најважното дека проектите треба да значат промена на квалитетот на животот, но особено на свеста на граѓаните.
Се виде дека 24 декември имал огромно значење, дека тоа сето било план за предизборна корупција и навистина имаше впечаток дека се случува најотворена корупција, се делеа субвенции, се зборуваше за вработување, имаше многу партиски вработувања, имаше толку неадекватни ветувања, како постизборното дека ќе се вработат 1600 социјални случувања во јавната администрација како да е тоа добро.
Александар Цветкоски, АГТИС.

„Се виде дека 24 декември имал огромно значење, дека тоа сето било план за предизборна корупција и навистина имаше впечаток дека се случува најотворена корупција, се делеа субвенции, се зборуваше за вработување, имаше многу партиски вработувања, имаше толку неадекватни ветувања, како постизборното дека ќе се вработат 1600 социјални случувања во јавната администрација како да е тоа добро“, истакнува Цветкоски.

За овие 22 години македонски плурализам, според невладината АГТИС, свеста на граѓаните се вратила назад. Партиите се свесни дека граѓаните сакаат држава која дава, а не која што зема. Гласачите, велат од АГТИС, не мислат на приоритетот во програмите на партиите, јавното мислење е назадувачко, но не може ниту да бидат обвинети, оти оваа кампања трае 7 години во Македонија и никако да прекине, а тоа значи живееме во држава која води кампања 365 дена во годината.

„Се разбира ова ќе има високи негативни последици врз нивото на толеранција кај граѓаните, кои ќе толерираат какви било престапи на власта, значи кршење на законите, граѓаните нема да бидат сензитивни за прашањето на демократијата, едноставно таа за нив не постои, а во последно време јасни се некои граѓански искажувања дека луѓето почнуваат да жалат за онаа Југославија и оној социјализам кога сепак наизглед имаше ваков или таков ред“, додава во својата постизборна анализа Цветкоски.

Според АГТИС, политичките партии само бараат начини како да се зголеми дијапазонот на нивно медиумско појавување. Македонските граѓани многу сакаат да слушаат лаги, кога ќе им се каже нешто нереално, велат од АГТИС, тоа им одговара. А, нереалноста во програмите, според оваа невладина, не мора да се докажува пред македонските граѓани, зашто нивото на демократијата и знаењето е многу ниско, а последиците во иднина сите ќе ги почувствуваат, сметаат од невладината АГТИС.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG