Достапни линкови

Голем пад на турската берза и турската лира


Турската берза падна за повеќе од десет насто, а националната валута поефтини во однос на доларот за 0,7 отсто, поради масовните протести и судири меѓу полицијата и демонстрантите во земјата.
Загриженоста на инвеститорите, по ширењето на протестите, доведе вчера до пад на главниот индекс на турската берза за 10,47 насто, а приносите на двегодишните обврзници се зголемија за рекордни 71 поени, на 6,78 насто, објави „Фајненшел тајмс“.
Од почетокот на протестите берзата изгуби 15 насто и сега е на 1,6 насто пониска вредност отколку во почетокот на оваа година.
XS
SM
MD
LG