Достапни линкови

Вицепремиерот Аранч се извини на демонстрантите во Истанбул


Првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, против градежниот проект на турската влада на паркот Гези, беа „праведни и легитимни бидејки беа темелени на еколошката загриженост,“.
Ова денеска по средбата со турскиот претседател Абдула Ѓул го изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч.
Тој им се извини на голем број демонстранти, ранети при интервенцијата на полицијата против демонстрантите. Вицепремиерот ги повика турските граѓани „денеска да ги прекинат“ демонстрациите, почнати пред пет дена.
XS
SM
MD
LG