Достапни линкови

ЕУ чека потег од Македонија


Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.

ЕУ до 26 јуни ќе и остави простор на земјава да покаже успех по нотираните отворени прашања. Останува македонската страна да презентира конкретни резултати на полето на добрососедските односи.

Уште дваесетина дена остануваат македонската страна да го покаже бараниот гест за добрососедство за да може да се придвижи на патот кон Унијата. Во меѓувреме политичкиот врв посетува земји членки на ЕУ, лобира, одржува средби.
Вицепремиерот Фатмир Бесими побарал средба и со претставници на новата бугарска Влада пред одржувањето на Самитот на ЕУ во јуни, а што се однесува до Грција, Бесими оценува дека нова средба со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос во овој момент и не би можело многу да смени во однос на прашањето за името.

Вицепремиерот за еворинтеграции Фатмир Бесими е во дипломатска офанзива во неколку европски престолнини. Пред да замине брифираше дека како аргументи во лобирањето ќе ги искористи пристапниот дијалог на високо ниво и добрососедските односи. Вицепремиерот побарал средба и со претставници на новата бугарска Влада пред одржувањето на Самитот на ЕУ во јуни, а што се однесува до Грција, Бесими оценува дека нова средба со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос во овој момент и не би можело многу да смени во однос на прашањето за името.
ристапен дијалог на високо ниво.

ристапен дијалог на високо ниво.


По вчерашната средбата на премиерите на Македонија и на Србија Никола Груевски и Ивица Дачиќ беше оценето дека Македонија и Србија ги исполнуваат сите услови да добијат датум за преговори на јунскиот самит.
Она што беше важно до 26-27 јуни за да добиеме датум за преговори заедно со Србија, затоа што е многу извесно дека Србија ќе добие датум за преговори, беше да имаме некаков конкретен резултат како во случајот со Србија и Косово, меѓутоа ние тоа го немаме и јас мислам дека не можеме да очекуваме добра оценка во добрососедските односи.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски пак пред една недела имаше средба со Директорот на директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино, по што изјави дека е извесно оти Ма­ке­до­ни­ја долг вре­мен­ски пер­и­од зас­лу­жу­ва да ги поч­не пре­го­во­ри­те, но и ис­то тол­ку е из­вес­но де­ка Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја не е под­гот­ве­на за под­дрш­ка, а без неј­зи­на под­дрш­ка, тоа не мо­же да се слу­чи.

Средбите на македонските и бугарските претставници на двете министерства за надворешни работи на кои беше разгледуван нацрт-текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, како и разговорите за името под покровителство на ОН, се ценат од страна на ЕУ, но сега се потребни резултати, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

„Тука конкретно се бараат некои конкретни резултати особено со Бугарија, затоа што таму можеше многу полесно да се покажат резултати со потпишување на Декларација. Веќе неколку средби имаа, чинам четири, на тие работни групи, има некој драфт, но на крајот пак се предомислија владите и нашата влада објави дека не се решаваат односите со потпишување на некоја Декларација.“

ЕУ до 26 јуни ќе и остави простор на земјава да покаже резултати и ако види дека се покажува волја да и помогне да се постигнат успеси, вели Маричиќ.

„Она што беше важно до 26-27 јуни за да добиеме датум за преговори заедно со Србија, затоа што е многу извесно дека Србија ќе добие датум за преговори, беше да имаме некаков конкретен резултат како во случајот со Србија и Косово, меѓутоа ние тоа го немаме и јас мислам дека не можеме да очекуваме добра оценка во добрососедските односи.“

Тој додава дека единствено што би можело да биде нотирано во овој период е активизмот на вицепремиерот Фатмир Бесими и на лидерот на ДУИ Али Ахмети, но и тоа не е доволно за овој период да се означи како успешен. Според него дополнителен проблем претставува и неуспешниот регионален Самит кој требаше да се одржи во Охрид.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав пред една недела изрази оптимизам за претстојниот самит. Тој изјави дека се уште може да се направи многу.

„Навистина се надевам дека ќе се постигне консензус на крајот на јуни, што ќе биде задоволителен и за вашата земја и за 27 земји членки на ЕУ“, рече Орав.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе неодамна во интервју за Радио Слободна Европа потсети дека од Македонија зависи дали на Самитот на ЕУ во јуни ќе добие датум за преговори. Филе изјави дека се гледа интензивирање на процесот на решавањето на прашањето за името и оти се надева дека актуелниот предлог на Нимиц, ќе донесе некакви резултати во овој краток период. Филе ја изрази и разочараноста од тоа што уште не е формирана комисијата која треба да ги разреши настаните од 24 декември.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG