Достапни линкови

ОН веруваат дека во Сирија се употребува хемиско оружје


Женева

Женева

Инспекторите на ОН соопштија дека тие имаат "разумна основа" да веруваат дека ограничени количества хемиско оружје се употребени во Сирија.
Меѓутоа, Комисијата на ОН денеска во Женева соопшти дека се потребни повеќе докази за точно да се утврди „кои хемиски агенси се користат и кој ги користат“. Комисијата, составена од 20 инспектори ги испитува четирите хемиски напади кои наводно се случиле во март и април.
Во извештајот, базиран врз основа на интервјуа со жртвите, медицинскиот персонал, и други сведоци, ги обвини и двете страни на свирепост.
Во извештајот се наведува дека воените злосторства и злосторствата против човештвото станаа секојдневна реалност во Сирија. Според Обединетите Нации. над 80.000 луѓе беа убиени во две годишниот сириски конфликт.
XS
SM
MD
LG