Достапни линкови

logo-print

Путин го отвори самитот Русија - ЕУ


Рускиот претседател Владимир Путин на лидерите на ЕУ им порача дека дијалог за енергетските прашања меѓу Москва и Европската унија може да биде успешен само ако двете страни ги почитуваат интересите на другиот.
Путин денеска ги отвори разговори со лидерите на ЕУ во Екатеринбург.
Според Путин, двете страни имаат интерес за брзо постигнување нова правна основа за партнерство. На самитот Русија – ЕУ учествуваат и Преседавачот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.Европската комисија соопшти дека лидерите на ЕУ ќе изразат загриженост и за човечките права во Русија.
XS
SM
MD
LG