Достапни линкови

Антивладините протести во Турција се проширија со брзина на шумски пожар. Скоро во седумдесет градови имало протестни маршеви, а се поинтензивни се и судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој најавува скорашно смирување на ситуацијата, продолжува да е уверен дека само затоа што победува на избори може и сам да управува со земјата.

Насилните протести почнаа против сечењето на 600 дрвја на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул. Но, тоа, за премиерот Ердоган било само повод.

„Овие настани немаат ништо со сечење дрвја или со реновирање парк. Оние што ги загубија изборите се зад нив. Демонстрации нема во секој град“, изјави Ердоган, чија првична рекација на петочните протести беше:

„Ако се соберат 100 илјади, јас можам да донесам милион.“

Тоа е и суштината на неговиот проблем. Тој верува во она што експертите го нарекуваат „мнозинска демократија“, или со други зборови, тој верува дека ако добива мнозинство гласови, а тоа му успеа три пати во изминатава декада, има право да донесува секакви политички одлуки во земјата. Протестите не дојдоа од никаде

Иако официјално сечењето дрвја било потребно за да се обноват старите Отомански касарни, демонстрантите се сомневаат дека вистинската намера е изградба на уште еден трговски центар во градот кој и онака е преполн со нив.
Овие настани немаат ништо со сечење дрвја или со реновирање парк. Оние што ги загубија изборите се зад нив. Демонстрации нема во секој град.

Партијата на Ердоган воопшто не сакаше да разговара за ревизија на таквиот план. Всушност токму турскиот економски раст може донекаде да помогне во објаснувањето зошто граѓаните се кренаа на протести.

За истанбулчаните кои се против Ердоган, тој не само што не се консултира за нивниот град, туку зајакнува нова клика на негови бизнисмени. Компанијата која го доби договорот за реизградба на центарот на Истанбул е во сопственост на Челик Холдинг, чиј претседател е зетот на Ердоган.

Кога Ердоган побара од турците да имаат повеќе од три деца, а оние што пијат алкохол ги нарече алкохоличари и ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци, природно, многумина се запрашаа кои се неговите вистински интенции.
Половина час возење од Таксим лежат темелите за новиот мост Султан Селим. И додека Ердоган своевремено ги критикуваше плановите на претходните влади за трет мост меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул како убиец на животната средина, сега го прифати овој проект како сопствен. Вакви контроверзни случаи, според наводите, имало и во повеќе други градови.

Економскиот пораст на земјата всушност беше главен извор и за јакнењето на Ердоган кое, пак, водеше до истакнување на неговите авторитарни иснтикти и до замолчување на критичарите.

Турција е земја во која има најмногу затворени новинари во светот, 49. Фактот што некои локални медиуми ги игнорираа протестите е уште еден знак дека тие се плашат од Ердоган.

Неговата Партија на правдата и развојот има исламски основи кои сосема се разликуваат од оние на секуларната република што пред 90 години ја основа Кемал Ататурк.

Кога Ердоган побара од Турците да имаат повеќе од три деца, а оние што пијат алкохол ги нарече алкохоличари и ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци, природно, многумина се запрашаа кои се неговите вистински интенции.

Повеќето излегоа на улица за да го кренат својот глас против премиерскиот империјален стил, неговата постепена исламизација на земјата и бруталноста на полицијата.

Доколку протестите продолжат, ќе ја урнат турската позиција како политичка и економска успешна приказна, а тогаш дрвјата на плоштадот Таксим ќе бидат она последното за што треба да се грижи не само Турција.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG