Достапни линкови

Кина - блокирано чествувањето на жртвите на Тиенанмен


Кинеските власти ја блокираат комеморацијата за 24 годишница од кршењето на про - демократските протести на плоштадот Тиенанмен во Пекинг.
Големо присуство на безбедносните сили не се забележувало, но полиција ги блокирала гробиштата каде што се закопани жртвите од Тиенанмен.
На оваа тема биле блокирани и дискусиите на Шина Веибо –кинеска верзија на Твитер. Стотици, а можеби и илјадници луѓе, се верува дека биле убиени на 4 јуни 1989 кога кинеската војска брутално ги задуши про демократските протести во Пекинг.
XS
SM
MD
LG