Достапни линкови

logo-print

Синдикален штрајк во Турција - „власта применува државен терор“


Анкара

Анкара

Левичарската конфедерација на турските синдикати „КЕСК“ започна дводневен штрајк во знак на подршка на анти владините демонстрации. КЕСК кој преставува 240 илјади работници ја обвини владата дека применува државен терор.
Инаку, анти - владините протести во Турција продолжија и минатата ноќ, а полицијата употреби солзавец за да ги растера протестантите во Истанбул и Анкара. Се јавува дека еден маж загинал во јужниот турски округ Хатај.
Група демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во дворецот Долмабахче во истанбулскиот кварт Бешикташ, но беа спречени од полицијата.
Премиерот Ердоган за немирите ги обвини екстремистите и опозициските политички сили. Тој изјави дека ситуацијата наскоро ќе се врати во нормала. НАТО-сојузникот на Турција, САД уште еднаш побараа од властите да покажат воздржаност во справувањето со демонстрациите, во кои се повредени стотици протестанти и полицајци.
XS
SM
MD
LG