Достапни линкови

Турција - тешка ноќ во Истанбул и Анкара


Еден 22-годишен маж загина минатата ноќ за време на анти-владините протести во јужниот турски округ Хатај. Тој, според турските медиуми, бил застрелан со куршум во главата. Засега не е познато кој стрелал во убиениот.
Анти - владините протести во Турција продолжија и минатата ноќ, а полицијата употреби солзавец за да ги растера протестантите во Истанбул и Анкара. Група демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во дворецот Долмабахче во истанбулскиот кварт Бешикташ, но беа спречени од полицијата.
Премиерот Ердоган за немирите ги обвини екстремистите и опозициските политички сили. Тој изјави дека ситуацијата наскоро ќе се врати во нормала. НАТО-сојузникот на Турција, САД уште еднаш побараа од властите да покажат воздржаност во справувањето со демонстрациите, во кои се повредени стотици протестанти и полицајци.
XS
SM
MD
LG