Достапни линкови

И натаму протести во Турција, Ердоган најавува нормализирање


Антивладините протести во Турција продолжија и синоќа, а полицијата употреби солзавец за да ги растера протестантите во Истанбул и Анкара. Премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој вчера престојуваше во Мароко, од каде што денеска ќе замине за Алжир, за немирите ги обвини екстремистите и опозициските политички сили. Тој изјави дека ситуацијата наскоро ќе се врати во нормала.
НАТО-сојузникот на Турција, САД уште еднаш побараа од властите да покажат воздржаност во справувањето со демонстрациите, во кои се повредени стотици протестанти и полицајци.
Индексите на главната турска берза вчера паднаа за 10,5 насто, поради загриженоста на инвеститорите околу дестабилизирачкиот ефект на демонстрациите.
Протестантите ги обвинуваат Ердоган и неговото происламско движење, кое е на власт од 2002 година, дека се повеќе стануваат авторитарни.
XS
SM
MD
LG