Достапни линкови

logo-print

Во Прага продолжува битката против поплавата


Во Прага продолжуваат напорите за одбрана на главниот град на Чешка од натамошни штети од полавите. Волонтери поставуваат вреќи со песок за да ја спречат реката Влтава да се прелее и да ги оштети историските централни области на Прага. Водостојот на реката се очекува да расте и во текот на денешниот ден.
Во последните неколку дена во поплавите во Чешка животот го загубија 6 лица, а илјадници луѓе се евакуирани. Има оштетувања на транспортните линии, училиштата се затворени, а стотици животни се евакуирани од зоолошката градина. Чешката влада прогласи вонредна состојба во поголемиот дел на земјата.
Поплави има и во делови на Германија, Австрија и Швајцарија, каде што исто така има неколку жртви.
XS
SM
MD
LG