Достапни линкови

Самит Русија-ЕУ во Екатеринбург


Баросо, Ван Ромпуј и Путин

Баросо, Ван Ромпуј и Путин

Рускиот претседател Владимир Путин со неформална вечера во Екатеринбург го отвори самитот Русија- ЕУ. Синоќешната вечера беше вовед во главната агенда, која е планирана за денеска.
Европската страна ја претставуваат претседателот на Советот на Унијата Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и шефот на дипломатијата Кетрин Ештон.
На самитот ќе стане збор за прашања од глобалната економија, енергетиката, визите, како и ситуацијата во Сирија.
Пред состанокот, Ештон изјави дека ЕУ е загрижена поради острите мерки на Москва спрема невладините организации.
XS
SM
MD
LG