Достапни линкови

Почна потпишувањето на договорот за регулирање на трговијата со оружје


Повеќе од 60 земји го потпишаа значајниот договор на ОН кој ја регулира глобалната трговија со оружје. Вчера беше прв ден кога можеше да се потпише договорот, кој покрива трговија со тенкови, борбени возила, артилерија, борбени авиони и бродови, како и лесно оружје. Аргентина беше прва од 61 земји кои го потпишаа договорот.
САД не е меѓу овие земји, а Државниот секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон ќе потпише наскоро. Русија и Кина не се очекува да го потпишат договорот наскоро.
Генералното собрание на ОН во април годинава го усвои овој договор, кој беше подготвуван од 2006 година. За негово донесување беа 154 земји, против беа Сирија, Северна Кореја и Иран, а воздржани беа 23 држави, меѓу кои Русија, Кина, Египет и Индија.
XS
SM
MD
LG