Достапни линкови

Времето претпладне сончево, попладне дожд и грмежи


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот, а во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување.
XS
SM
MD
LG