Достапни линкови

logo-print

Во Белград средба Груевски, Николиќ


Премиерот Никола Груевски денеска во Белград оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ, на која биле истакнати добрите односи меѓу двете земји. На средбата, Николиќ нагласил дека стабилноста на регионот на ЈИЕ е еден од приоритетите на политиката што ја води државниот врв на Србија и изразил очекување дека Србија кон крајот на јуни ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Груевски истакнал дека односите меѓу Македонија и Србија се на високо ниво и укажал на потребата тие и натаму да се унапредуваат, пред се на економски план.
XS
SM
MD
LG