Достапни линкови

Преполовен бројот на лажни азиланти од Македонија


Бројот на лажни азиланти од Македонија во земјите од ЕУ во првите два месеца од годинава е помал за 46 отсто во однос на лани, се наведува во Извештајот за состојбата на шенгенските граници што го објави денеска Европската комисија. Вкупниот број на неосновани барања за азил од земјите од Западен Балкан е намален за 44 проценти. Најголемо намалување од 61 процент има кај лажните азиланти од Србија, кај Македонија 46 и Црна Гора за 45 отсто. Истовремено зголемен е бројот на баратели на азил од Албанија за 74 проценти и од Босна и Херцеговина за 51 отсто. Најпривлечни земји за лажните азиланти од Балканот се Германија, Шведска, Белгија, Швајцарија и Луксембург.
XS
SM
MD
LG