Достапни линкови

Новинарите и судот утре ќе разговараат за Кежаровски


Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија. 31мај 2013.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија. 31мај 2013.

Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Томислав Кежаровски достави барање за средба со претседателот на Кривичниот суд. Од судот соопштија дека претседателот утре ќе ги прими новинарите на средба.

Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Томислав Кежаровски достави барање за средба со претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски за да образложи зошто бара ослободување на притворениот новинар.
Сметаме дека прекршени се законите, прекршен е Уставот, прекршена е правната процедура при определувањето притвор за новинарот Томислав Кежаровски и во решението за определување притвор судијката дала неверојатно смешни образложенија.
Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на весникот Нова Македонија.

„Сметаме дека прекршени се законите, прекршен е Уставот, прекршена е правната процедура, при определувањето притвор за новинарот Томислав Кежаровски и во решението за определување притвор судијката дала неверојатно смешни образложенија“, изјави Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на весникот Нова Македонија кој го поднесе барањето во Основниот суд 1.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија.

Иницијативниот одбор сака да го информира судијата Панчевски дека доколку новинарот Кежаровски се брани од слобода ќе и биде достапен на правдата и дека нема потреба од негово притворање од тие причини и дека не може да влијае на сведоците.

На веб страницата на Судот е објавено соопштение во кое се наведува дека претседателот на основниот суд 1 закажува средба со претставници на новинарите.
Значи овие два случаи кои се најеклатантни случаи на кршење на слободата на медиумите на слободата, значи да исфрлите новинари со сила од парламент и да апсите и да држите новинари во притвор без основ е карактеристика на недемократски режим.
Петрит Сарачини, МИМ.

„Претседателот на судот во присуство на претставници на Канцеларијата за односи со јавност закажува средба за ден 04.06.2013 година - вторник во 14,30 часот во просториите на Основниот суд Скопје I Скопје со одговорните лица на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски односно со најмногу тројца претставници на одборот“, соопштуваат од судот.

Организацијата репортери без граници деновиве изрази вџашеност од апсењето на Кежаровски и побара негово безусловно ослободување. Во реакцијата беше наведено и дека овој случај ја деградира слободата на медиумите во земјава која се наоѓа на 116 место од 179 земји во светот и е начин властите да ги засилат притисоците врз медиумите кои работат во особено тешки услови.

Според Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) случајот секако ќе се одрази на меѓународниот углед и извештаите за напредокот на земјава.

„Минатата година во тие извештаи воопшто не влезе инцидентот во Парламентот, исфрањето на новинарите од собраниската галерија спротивно на Уставот и оневозможувањето да ја следат седницата. Значи овие два случаи кои се најеклатантни случаи на кршење на слободата на медиумите на слободата, значи да исфрлите новинари со сила од парламент и да апсите и да држите новинари во притвор без основ е карактеристика на недемократски режим“, вели Сарачини.

По повод апсењето на Кежаровски реагираше и ОБСЕ.

„Дури и кога има прашања од доверлив карактер или станува збор за заштита на сведоци, притворот на новинарите е „прекумерен“, изјави преставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

Новинарот Томислав Кежаровски доби 30-дневен притвор за текст објавен во 2008 година во кој тој, според обвинитеството, го открил идентитетот на сведок во случајот на убиство.
XS
SM
MD
LG