Достапни линкови

Охрид очекува плодна туристичка сезона


Холандски туристи пристигнуваат во Охрид. април 2012.

Холандски туристи пристигнуваат во Охрид. април 2012.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат двоцифрен раст на туристи во земјава. Во овој момент најбројни гости во Охрид се туристите од Турција и Данска.

Охрид и Македонија ги очекува најдобра туристичка сезона, барем вака тврди првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков. Тој вели дека Македонија како туристичка дестинација била промовирана на најдобрите саеми за туризам и оти биле изработени промотивни брошури на 13 јазици. Трајков очекува двоцифрен раст на туристи оваа година во земјава.
Направени се брошури на 13 јазици. Секаде излеговме со јазикот на дадената земја што беше позитивно дочекано таму. Настапивме со добри штандови и добар дизајн на штандот, бевме добро организирани, така да од тие земји каде што бевме на саеми очекуваме зголемен број на туристи.

„Направени се брошури на 13 јазици. Секаде излеговме со јазикот на дадената земја што беше позитивно дочекано таму. Настапивме со добри штандови и добар дизајн на штандот, бевме добро организирани, така што од тие земји каде што бевме на саеми очекуваме зголемен број на туристи. Од друга страна она што агенцијата го работи веќе цел месец, а и ќе продолжи до крајот на месец јуни е една интензивна кампања преку google, односно електронска промоција, во соработка со генералниот секретаријат на владата. Ќе почнеме и со промотивна кампања во 15 земји преку принтани медиуми, билборди и уште на неколку интернет сајтови“, вели Трајков.

Зоран Крстевски, директор на ТАВ Македонија, очекува дека бројот на чартер авиони кои ова лето ќе оперираат до охридскиот аеродром ќе биде поголем од минатите години.
Оваа сезона ќе има и нови линии со нискотарифната компанија „Виз Еар“, која ги отвора линиите Гетеборг и Стокхолм. Се надеваме дека Виз Еар ќе донесе и втор авион во Македонија, што ќе овозможат дополнителни летови и гости кон Охрид.

„Оваа сезона ќе има и нови линии со нискотарифната компанија „Виз Ер“, која ги отвора линиите Гетеборг и Стокхолм. Се надеваме дека Виз Ер ќе донесе и втор авион во Македонија, што ќе овозможат дополнителни летови и гости кон Охрид. Очекуваме да се зајакне линијата на „Хелветик“ за Цирих од Охрид“, вели Крстевски.

Минатата сезона во Македонија со чартер летови дошле околу 29.000 патници, а очекувањата се дека годинава бројот ќе се зголеми за најмалку 20 отсто.

Љупчо Јузмески, туристички водич од Охрид, вели дека во овој момент најбројни гости во Охрид се туристите од Турција и Данска.

„Веќе запознаени се со Охрид сите туристи кои доаѓаат овде, но многу драго им е кога ќе се искачат на Самоилова тврдина, кога ќе ја посетиме Св. Богородица Перивлепта од 13 век и која има фантастични фрески, Плаошник. Се разбира туристите го бараат и Канео, и најпосетениот музеј - музејот на вода и Св. Наум“, вели Јузмески.

„Во Македонија доаѓам прв пат. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Дојдов за да ги видам црквите, иконите, но и народот кој не ми е доволно познат. Сум бил во Ерменија, поранешна Југославија, Грција. Но сакав да дојдам и во Македонија и ми се исполни желбата“, вели гостин од Холандија.
XS
SM
MD
LG