Достапни линкови

logo-print

Пелагонија и Преспа на удар на глобалното затоплување


Андрија Секуловски, овоштар и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Андрија Секуловски, овоштар и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Земјоделците од битолско-преспанскиот регион се жалат дека чувствуваат штети од глобалното затоплување. Или се соочуваат со екстремни суши или со поплави, а последиците се исти, намалени приноси.

Земјоделците од битолско-преспанскиот регион каде се наоѓа најголемата житница во земјава и најбројни насади со јаболка, се жалат дека чувствуваат штети од глобалното затоплување. Или се соочуваат со екстремни суши или со поплави, а последиците се исти, намалени приноси.
Сите земјоделски стопанства трпат штети дали се тоа директни или индиректни. Директни влијанија се ултравиолетовите зраци кои директно влијаат врз сите овошки. Тоа го намалува плодот, го смалува приносот. Влијаат и врз почвата која е важна за храната на овошките.

Овоштарот Андрија Секуловски вели:

„Сите земјоделски стопанства трпат штети, дали се тоа директни или индиректни. Директни влијанија се ултравиолетовите зраци кои директно влијаат врз сите овошки. Тоа го намалува плодот, го смалува приносот. Влијаат и врз почвата која е важна за храната на овошките. Треба да се постават мрежи да не заштитат од УВ зраците и второ да не заштитат од градобијните облаци.“

Во изминатите години редовните врнежи од град, како и појавата на штетници, пред време го береа родот во Преспа. Во Пелагониско ,пак, годинава се повторни истата ситуација како и преклани кога поројните дождови, брзото топење на снегот и излевањето на каналите предизвикаа поплави кај житните полиња. Се проценува дека од 20
За очекување е дека ќе има намалување на овие приноси каде има поголемо количество на вода. Тоа е огромна вода за Пелагонискиот регион.
до 30 проценти ќе бидат намалени приносите на пченица.

„За очекување е дека ќе има намалување на овие приноси каде има поголемо количество на вода. Тоа е огромна вода за Пелагонискиот регион. На 7 април протокот на вода низ река Црна да биде 79,50 метри кубни во секунда, за следниот месец да биде 170 метри кубни во секунда. Просекот на протокот во април месец во Црна беше 22,70 метри кубни во секунда“, вели министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

За две и повеќе недели доцни растот и развојот на житните култури, а земјоделците стравуваат и од попратни штети.

„Ќе има доста и штетници на посевите со пченица и јачмен. Посебно сме загрижени од појавата на лемата“, вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци.

Мал е бројот на земјоделци, ги нема ни 10 проценти, кои од штетите од глобалното затоплување се штитат со осигурување на посевите.

Тантаров вели:

„Има многу проблеми пред вратите на осигурителните компании. Тие не дозволуваат да се осигуруваат посевите од пожар, поплава, туку само од град. Кога се склучува полисата тие кажуваат на кој принос ќе биде осигуран посевот, а не ние како производители. Долго време кога ќе дојде некоја штета, компаниите бараат експерти за проценка од Охрид, Куманово, а не од тука од Пелагонија. На проценките пак, земјоделците немаат право на жалба“, вели претседателот на Сојузот на земјоделци.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG