Достапни линкови

Дачиќ и Груевски: исполнети услови за преговори со ЕУ


Никола Груевски и Ивица Дачиќ

Никола Груевски и Ивица Дачиќ

Македонија и Србија ги исполнија сите критериуми за почеток на преговорите со Европската унија. Ова денеска во Белград го изјавија премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ по заедничката седница на владите на двете земји. Тие прецизираа дека Македонија и Србија треба и натаму да соработуваат во текот на тој процес. „Земјите од регионот се соочуваат со услови кои не им беа поставени на другите земји во процесот на евроинтегрирањето, но тоа нема да не обесхрабри“, изјавил премиерот Груевски кој изразил надеж дека во иднина ќе биде решено отвореното прашање меѓу Македонската и Српската православна црква. Дачиќ најави дека во наредниот период ќе бидат активирани комисии за економска соработка и за правата на малцинствата.



XS
SM
MD
LG